Почеток За нас Производи Локација Контакт mk

Винаријата „ИЗВОРНО“ е мала, но престижна семејна винарија оформена во раните осумдесети години минатиот век. Сместена е во уникатни предели на Врановското поле во велешкото виногорје. Винаријата е опкружена со лозови насади од сопствено производство одгледани со технологија до врвен квалитет. Производството на вино започнува од самото кроење на виновата лоза и од самиот почеток е насочено кон деликатесно истенчените вкусови на пробирливите и добри познавачи и уживатели на вино, кои се долги соработници и конзументи на нашите врвни вина, низ годините и чии доживувања и искуства секогаш биле надградени како едно позитивно двострано искуство при дегустирањето и уживањето. Во винаријата Изворно, виното се произведува рачно.

Според нашата традиција, бербите редовно започнуваат многу покасно од останатите берби во регионот, со што добиваме повисок квалитет на грозјето за производство на вино. Иако реалните приноси во регионот се движат околу 25000 кг/ха за сортата вранец, нашите приноси никогаш не преминуваат повеќе од 10000 кг/ха. Во регионот кадешто се произведува грозјето не се користат инсектициди затоа што нема потреба од нив. Гроздови молци во тој регион практично и нема. Ниските приноси се намерно испровоцирани од нас и ни овозможуваат производство на вино со одличен баланс помеѓу шеќерите и киселините.Квалитетот на виното кео плени е причина за бројните пофалници и награди на винаријата.

Винаријата флашира вино со етикети по желба на клиентите, врвно вино кое ги има добиено највисоките пофалби и награди.

mk en de it gr